„Росонерите“ поставија јасни цели: Гатузо судбината ти зависи само од ова…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан до крајот на сезоната грчевито ќе се бори за местата кои водат во Лигата на шампионите, голема е желбата, јасно е, враќање во елитното натпреварување, а поради тоа ангажирани се и засилувања во зимскиот преоден рок.

Пристигна Криштоф Пјонтек од Џенова, Полјакот е платен 40 милиони, веќе почна да се исплатува, постигна два погодоци против Наполи во четвртфиналето на Купот и еден против Рома во лигата.

Стигна и Лукаш Пакет, младиот Бразилец кој исто така покажа дека ќе биде добро засилување и впечатокот е дека пред „Росонерите“ се подобри денови.

Поради се, управата на клубот одлучи да му пружи поддршка на Гатузо, иако некогашниот играч на овој клуб беше на удар поради слабите резултати во првиот дел од сезоната.

Сепак, по споменатите засилувања, Милан почна да игра многу подобро, а тука се и резултатите, па управата на чело со претседателот Скарони одлучи да му пружи доверба на Џенаро Гатузо.

Тој ќе остане тренер до крајот на сезоната, а за понатамошната иднина ќе одлучи пласманот на екипата од „Сан Сиро“ во Лигата на шампионите. Така што, доколку Милан се врати во елитното натпреварување, ќе почне и следната сезона на клупата на екипата, доколку тоа не успее да го оствари, најверојатно управата ќе му се заблагодари за соработката.