Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни изјави дека на минатогодишниот пријателски натпревар против Евертон собрал милион и 200 илјади фунти во хумантирани цели.
Тоа е чист профит од натпреварот во Манчестер по сите оперативни трошоци. Тој додаде дека тие пари се наменети за неговата фондација која има за цел да собере 5 милиони фунти за детски хумантирани акции.
„Би сакал да се заблагодарам на сите навивачи кои дојдоа на хумантираниот натпревар и кои го направија денот посебен. Дадоа многу пари за децата, кои ќе им го сменат животот.“
На Руни му недостига еден гол да постави нов рекорд во Манчестер Јунајтед по број на постигнати голови. Тој и легендарниот Боби Чарлтон постигнаа по 249 голови.
Тој во 2004 година дојде во Јунајтед од Евертон и од тогаш одигра 545 натпревари.