Русија ја обвини ФИФА дека бара премногу пари за ТВ права


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Организаторите на Мундијалот во Русија ја обвинија денеска Светската фудбалска федерација (ФИФА) дека премногу ги наплатува телевизиските права обидувајќи се да ги покрие финансиските проблеми.

„На Русија се ставени посебни услови бидејќи долар вредеше 30 рубљи кога се продавани правата за Светско првенство во Бразил. Сега е нешто помалку од 60 рубљи. Правата ги купувате во странски валути, но ги продавате во рубљи, па така телевизиите по тоа ќе остварат загуба“, рече заменик премиерот на Русија Виталиј Мутко, а пренесува агенцијата Тас.

Мутко наведе дека ФИФА бараше 120 милиони долари од руски ТВ канал, што е дури 32 милиони повеќе отколку што е платено за СП во Бразил 2014 година.

Телевизијата која ја контролира државата, а која конкурира за права може да оствари голема загуба, а ФИФА наводно врши притисок на властите во Русија да придонесе за плаќањето.

Мутко, кој е и претседател на Фудбалскиот сујуз на Русија, рече дека тоа “„не е баш во ред“.

ФИФА во минатата година оствари загуба од 369 милиони долари.

Мутко рече дека таа организација ја „цеди“ Русија.

„Ако ги погледнете нивните финансии, ќе видете дека постојат проблеми кои се посилни од скандалите кои ја потресоа ФИФА“, рече Мутко.

ФИФА сеуште не одговори на обвинувањата од Русија.

СП ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули 2018 година во 11 градови во Русија.