Савичевиќ во Извршниот комитет на ФИФА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Црногорецот Дејан Савичевиќ стана претставник на УЕФА во Извршниот комитет на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Савичевиќ (50) на почетокот на годината се кандидираше за претставник на УЕФА во Извршниот комитет на Меѓународната фудбалска федерација, а во тоа тело денеска официјално е избран на конгресот кој е одржан во Хелсинки.

Освен легендардниот Савичевиќ, кој соевремено беше еден најдобрите европски фудбалери, довербата на УЕФА ја добија уште Унгарецот Сандор Циани и Кипарецот Костакис Кутсокумнис.

Поранешниот фудбалер на Милан за време на мандатот ќе има должност да ја претставува УЕФА и нивните интереси во Советот на ФИФА, тело кое е задолжено за дефинирање на мисијата, стратешкиот правец, политика и вредноста со посебен осврт на организацијата и развојот на фудбалот на сите нивоа ширум светот.