Сагата била едно големо „неверство“ за фановите на Ливерпул: Фекир е забележан во Мелвуд?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Ливерпул се изневерени.

Јасно им е на сите оддамна дека не треба да се радуваат прерано, и дека не треба да им веруваат на сомнителните наслови на социјалните мрежи.

Многумина синоќа почнаа да слават кога беше објавено дека возило Мерцедес влегло во „Мелвуд“ и тоа од страна на момче кое на твитер има преку 2000 следачи и кој ја следи Премиер лигата.

„Фекир е потврден“, напиша тој без никакви знаци дека се работи за шега.

Не беше тешко да се провери дека Фекир е во Шпанија каде со екипата на Лион се подготвува за продолжението на француското првенство и продолжението од Лигата на шампионите.

Сепак, оваа објава имаше огромен број ретвитнувања и допаѓања, што е доказ дека многумина му поверуваа.