Сагата е завршена: Јоветиќ се сели во Шпанија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Црногорскиот напаѓач Стеван Јоветиќ е нов играч на шпанска Севиља, пишува Кориере дело Спорт.

Италијанскиот весник наведува дека во прашање е позајмица до крајот на сезоната, со можен откуп на договорот на лето, и наскоро се очекува и официјална потврда на клубот од Андалузија.

Настапувајќи за Интер, Јоветиќ одигра само 69 минути во оваа сезона во Серија А, и така беше извесно неговото заминување од Милано.

27-годишниот Црногорец претходно беше мета на неколку клубови.

Најголем интерес покажаа неговиот поранешен клуб Фиорентина и неколку тимови од Кина.