„Сакам да одиграм уште една сезона“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Јунајтед сеуште не сака да се пензионира.

Бербатов е без клуб од минатото лето откако го напушти ПАОК. Многумина сметаат дека тој ќе ја заврши кариерата, но тоа изгледа нема да се случи.

Проблем за Бербатов е фактот дека тешко ќе најде клуб поради неговата желба да игра повторно во Англија. Бугаринот призна дека разговарал со неколку англиски тимови, а меѓу нив е Сандерленд кој во наредната сезона најверојатно ќе се натпреварува во Чемпионшип.

„Искрено, сакам да играм уште и имав разговори со неколку тимови, дури и со Сандерленд. Сепак, на крајот не се случи ништо. Моја желба е да одиграм барем уште една сезона и да уживам во фудбалот. Ќе видиме што ќе се случи на крајот.“