Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Капитенот на Јунајтед, Руни изјави дека не сака да замине од Јунајтед.
Медиумите во Англија поради тоа што Мурињо го стави Руни на клупата, почнаа да шпекулираат дека ќе замине во Кина или МЛС лигата, а интерес за него покажа и Евертон.
„Секако дека сакам да играм на секој натпревар. Морам да се трудам да ги искористам своите шанси кога ќе ги добијам . се трудам да му помогнам на тимот. Во овој клуб сум веќе 13 години.“
„Секако дека би сакал да играм повеќе, но се трудам да помагам и надвор од теренот.“
Руни дојде во Јунајтед во 2004 година како тинејџер од Евертон. Оваа сезона одигра 34 натпревари во сите натпреварувања и постигна 7 голови и имаше 10 асистенции.