„Сакам да пробам нешто ново“


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Одличниот 25-годишен Лаказет беше најголема желба на Венгер, но тој веќе некое време размислува за заминувањето во Атлетико Мадрид.

Лаказет одлучи да го напушти Лион, а негова наредна дестинација ќе биде најверојатно Атлетико.

Одличнит играч оваа сезона постигна 35 голови во 44 натпревари и одлучи да игра фудбал на повисоко ниво.

„Мислам дека е сега вистински момент. Сакам да пробам нешто ново, да се ставам под притисок,. Сакам да видам дали можам да одговорам на прашањата кои ги поставуваат луѓето.“

Откако Лион не се квалификуваше за ЛШ, Лаказет одбра дека ќе замине од тимот, а тие би можеле да заработат околу 50 милиони фунти од овој трансфер.

„Би било убаво кога би можел да играм со Гризман. Атлетико е одличен тим, имаат нов стадион.“