„Сакам еден ден да се вратам во Бока“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Рома, Диего Пероти има намера еден ден да се врати во Бока Јуниорс, каде ја започна својата професионална кариера.

Пероти моментално е член на Рома, вели дека е среќен во Рим, но целта му е еден ден да заигра во Бока Јуниорс.

„Секако, моја цел е враќање во Аргентина. Ако Бока ме повика, би сакал да се вратам, бидејќи сум голем фан. Сепак, сега уживам во секој момент како играч на Рома, но во иднина би можел да бидам играч на Бока.“

„Се надевам дека еден ден ќе се вратам во националниот тим. Тука има многу одлични играчи, а селекторот Едгардо Буза изјави дека ме следи.“

Карлос Тевез ја напушти Бока и замина во Кина каде што ќе заработува по 39 милиони евра.

„Не мислам дека игра за пари. Тој неодамна се врати и ако сака да направи некоја промена, тогаш сигурно постои причина за тоа.“

Пероти во својата кариера има играно за Депортиво Морон, Севиља, Бока, Џенова и Рома.