Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Францускиот фудбалер Мамаду Сако на почетокот на оваа година премина од Ливерпул во Кристал Палас каде што ќе биде на позајмица до крајот на оваа сезона.
Сако на крајот на минатата сезона падна на допинг тест после што доби суспензија.
Кога суспензијата помина Јирген Клоп порача на францускиот играч дека повеќе не смета на него, и дека може да побара нов клуб.
Овој некогашен стопер на ПСЖ патуваше со Редсите во САД на припремите за оваа сезона, но е отстранет од екипата поради лошо однесување.
Иако германскиот стручнак го пречкрта Сако сеуште има надеж да се врати во првиот тим на Ливерпул.
„Сеуште имам договор со Ливерпул на три сезони. Ако повторно го носам дресот на овој клуб ќе бидам пресреќен и тоа ми е голема желба. Задоцнив на тренинг и ја платив казната како и сите. Сепак, тренерот одлучи дека повеќе не му требам и ми остана само да ја почитувам таа одлука. Ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната и дали ќе се вратам таму“, рече Сако.