Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот напаѓач на Интер Диего Милито тврди дека единствено Хавиер Занети може да го доведе Лионел Меси на Џузепе Меаца.
Во последните месеци странските медиуми се повеќе се пишува за тоа дека Интер може да тргне во борба за Меси.
Иако финансиите за богатите кинески сопственици не претставуваат проблем, Милито тврди дека Меси на евентуално доаѓање во Интер може да го наговори единствено пријателот Занети.
„Тешко е да се поверува дека Меси ќе ја напушти Барселона. Во фудбалот е се можно, соништата ништо не чинат и се остваруваат. Занети има одличен и пријателски однос со Меси и ако некој може да го наговори да ја напушти Барселона, тоа е тој. Тоа би било одлично“, изјави Милито.
Милито верува дека Интер може да се врати на старите стази на слава.
„На Интер е потребна хомогеност и ефикасност, сигурен дека ќе дојде времето под водство на Пиоли. Веќе се гледа напредок и мислам дека сеуште ќе ја унапредува играта. Сигурен сум дека ќе осигура пласман во Лигата на шампионите, а ќе ја покаже својата сила во Торино и против Јувентус“, заклучи Милито.
Во Интер, како што тврдат италијанските медиуми, положуваат надеж во тоа што Меси сеуште не го продолжи договорот со Барселона.