Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Репрезентативецот на Германијa Сандро Вагнер(31) одлучи да го напушти својот клуб Барен Минхен.
Овој 31 годишен фудбалер доби понуда од Кина која не се одбива и одлучи кариерата да ја продолжи во оваа земја, а од денес официјално ќе стане нов член на екипата Тиањин Тедa.
Договорот кој веќе го потпиша со кинескиот тим ќе му донесе вистинско богатство. За две години во овој тим ќе заработи дури 30 милиони евра и таа понуда овој напаѓач не можеше да ја одбие.
Баерн одлучи да му излезе во пресрет на Вагнер и не му правеше проблеми околу трансферот, а Баварците за неговите услуги ќе наплатат 5 милиони евра.
Вагнер изминатата година ја помина во редовите на баварскиот великан. Стигна од Хофехим за 13 милиони евра, а во 30 одиграни натпревари постигна 10 погодоци.
Оваа сезона еднаш се запиша во листата на стрелците во 12 настапи.
Според информациите кои стигнуваат од Германија Баерн нема да носи замена за Вагнер и ќе ја завршат сезоната со постоечките играчи во напад.