Санчез го одби договорот: Тој има неверојатен адут во ракавот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Санчез не се откажува, во јуни ќе влезе во последната година од договорот. Понуди постојат, но јасно е дека Арсенал мора да реагира.

Моментално Санчез заработува 130 000 фунти неделно, а му нудат зголемување на 180 000. Неговиот договор завршува во 2018-та година, а според новиот би требало да остане до 2021.

Од друга страна, тоа е далеку од неговите очекувања, односно 250 000 фунти неделно.

Венгер тврди дека нема да го продаде ниту на лето, дури и ако влезе во последната година од договорот, но засега нема најава дека ќе најде решение.

Санчез има понуда од Кина која е неверојатна, поточно тој би заработувал 30 милиони евра по година, но најверојатно нема да се согласи да замине од Европа.

Тој очекува понуда од Италија каде би сакал да живее, а се зборува дека „Санинг“ ќе направат се за да го донесат во Интер.

Арсенал би можел да заработи околу 80 милиони евра од Кинезите, а постои опција „Санинг“ да го купи и да го испрати во Интер.

Тие го направија тоа во случајот со Жоао Марио, кој беше платен 40 милиони на Спортинг.