Санчез: Јунајтед е најголем, а дојдов поради трофеи!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најголемото засилување на Манчестер јунајтед оваа зима, Алексис Санчез изјави дека причината поради која пристигна во Јунајтед, а не Сити, е тоа што „ѓаволите“ се најголем клуб во Англија.

Трансферот на Санчез во црвениот дел на Манчестер е еден од најголемите во текот на зимскиот преоден рок, а Чилеанецот тргна по патот на Ван Перси, кој исто така во минатото премина од Арсенал во Јунајтед.

„Го напуштив Арсенал затоа што сакам да напредувам како играч и да добијам ново искуство. Дојдов тука за да победувам и поради тоа што е голем клуб, дојдов да освојам се“, вели тој.