Сари веќе знае: Во Лигата на шампионите само два фаворита


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маурицио Сари тврди дека во овој момент само два тима можат да се надеваат за круната во Лигата на шампионите.

„Ок, можеби тоа ќе се промени, ќе видиме дали шпанските тимови ќе се подигнат на пролет, но во овој момент две екипи се значително подобри од другите“, објасни тренерот на Челси.

„Тоа се Манчестер Сити и Јувентус, имаат квалитет да бидат прваци на Европа, би сакал да ги видам во финале“, додаде некогашниот тренер на Наполи.

Секако, Сити и Јуве можат да се сретнат и пред финалето, а кога и да има дуел помеѓу овие два тима, Сари би навивал за Сити, поради својот пријател Гвардиола.

Инаку, Гвардиола се сомнева декоа неговиот тим е доволно добар да стане првак на Европа, меѓуга многумина сметаат дека со ова го симнува притисокот од своите играчи.

Што се однесува за Јуве, после изгубените финалиња, за нив Лигата на шампионите е опсесија.