Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Маурицио Сари доби награда за најдобар тренер во Серија А за минатата сезона. Оваа награда ја доби тренерот на Наполи пред Алегри и Еусебио.
По освојувањето на наградата, Сари имаше интересен коментар.
„Секако дека во кариерата најважно е да се освојат трофеите, но барем во нешто сум подобар од Макс. Не очекував награда, затоа што таа заминува во рацете на тој што го освоил првенството.“
Јувентус и Наполи ќе играат два натпревари набрзо, прво во првенството, па потоа во купот.
„Каков и тим да има Јувентус, тие се најсилни во Италија. Се надевам дека ќе киксираат против нас.“
Јувентус е прв во првенството додека Наполи со Рома се бори за 2-ро место.