Сари и натаму ќе го пласира „својот фудбал“, но тоа нема да му биде дозволено: Кој ќе биде следниот на тренерската позиција?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маурисио Сари сигурно нема да се откаже од својата фудбалска филозофија.

„Никако, тоа сум јас, ќе продолжиме, ова не беше мојата верзија, не сум ја видел досега. Функционираше на почетокот на сезоната, сега не, мораме да ја најдеме причината“, истакна Италијанецот по дебаклот на „Итхад“.

Тој секако нема да отстапи, вели дека никогаш не се видел со Абрамович, а многумина со нетрпение го очекуваат потегот на рускиот бизнисмен, со оглед на тоа дека тој ваквите бламови не ги простува.

„Екипите научија да играат против Челси, не е само Сити во прашање, Борнмаут и Арсенал тоа го покажаа. Пресинг, неможност Жоржињо да прими топка, притисок на плеј по целиот терен, кога ќе го сопрете, од Челси нема ништо“, тврди Ален Ширер.

Многумина сметаат дека ова е крајот за Сари и дека прашање е само замената. Се пласираше во финалето од Лига Купот, се игра и за ФА купот, во Лига Европа се и натаму, четвртото место и пласман во Лигата на шампионите се императив. Играчите како да престанаа да се борат што е најголема пресуда за тренерот и можеби знак за Абрамович да почне набрзо да бара замена.

Но, кој би можел да биде тој. Тренерот се менува и среде сезона, да се потсетиме на Сколари, кој беше четврти и имаше седум бодови помалку од лидерот.

Обично на помош би дошол, Хидник, Бенитез по смената на Ди Матео, а Италијанецот го наследи Вилјаш-Боаш и за тие неколку месеци оствари најголем успех во историјата на клубот, ја освои Лигата на шампионите.

Абрамович има свои луше, брзо го троши тренерот, но да кажеме дека не би било чудно да го повика Лампард од Дерби, или да се договори со Зидан, иако тоа е малку веројатно.

Се споменува и Брендан Роџерс, како и Зола, уште една клупска легенда.