Севастова ја елиминира Аруабарена, Кузњецова во два сета подобра од Ванг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Завршија два натпревари од 1/8 финалето на ВТА турнирот во Мадрид.

Севастова ја доби Аруабарена со 0:2 во сетови.

Дури пет брејка беа видени во првиот сет помеѓу овие две тенисерки. Латвијката го започна тоа со тоа што го одзеде сервисот на шпанката во петиот гем, 2:3. Севастова направи уште еден брејк, 2:5, па потоа на свој сервис на два пати не успеа да го добие првиот сет, па Аруабарена со два брејка израмни, 5:5. Во 11-от гем Севастова не и дозволи на шпанката да освои гем, па на својот сервис овој пат беше сигурна, 5:7. Воведниот гем од вториот сет донесе брејк, 0:1 за Севастова. Тенисерката од Латвија во петиот гем повторно направи брејк, па не дозволи изненадување на својот сервис, 1:6. Севастова во 1/4 финалето ќе игра подобрата од дуелот Бертенс – Бегу.

 

Кузњецова ја среди Ванг до два сета, 0:2.

Кинеската тенисерка во петиот гем успеа да направи брејк, но потоа го загуби својот сервис, 3:3. Кузњецова го одзеде сервисот во десетиот гем кој значеше и добивање на првиот сет, 4:6. Во вториот сет повторно прва направи брејк Ванг, 3:2. Во осмиот гем русинката со брејк го израмни резултатот, 4:4. Кузњецова во 12-от гем направи уште еден брејк кој беше доволен за победа, 5:7. Противник на Кузњецова во 1/4 финалето ќе биде подобрата од дуелот Кербер – Бушар.