Севиља одлучи – Сампаоли може да мисли што сака, но Јоветиќ останува!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер ќе добие 14 милиони евра за овој трансфер.

Јоветиќ нема да се враќа во Интер, затоа што од лето ќе стане фудбалер на Севиља.

Таква одлука донесе тимот, а ја пренесуваат медиумите.

Кога на дебито, само 2 денови по доаѓањето во новиот клуб, му даде гол на Реал, потоа истиот тој клуб го „сруши“ во продолжение 3 дена подоцна, па на 14 натпревари постигна 4 голови и 3 асистенции, тешко би можело да се очекува поинаква одлука.

Како што се зборува, во Севиља донеле одлука независно од тоа каква одлука ќе има Сампаоли. Тој исто така даде зелено светло да се пресели овој играч, иако Јоветиќ не беше негова, туку желба на поранешниот спортски директор Мончи.

Кога беше договрена позајмица, Севиља внесе и клаузула со опција за откуп за 14 милиони евра. Толку пари на крајот на сезоната ќе добие Интер, со што ќе биде покриен долгот на Интер од времето кога Јоветиќ беше откупен на почетокот од годината од Сити за 13.5 милиони евра.

Дури и ако сака да го задржи Интер по неговите одлични игри во Севиља, нема да биде во можност, затоа што е таков договорот кој е потпишан.

Јоветиќ би требало да биде играч за иднината на новиот тренер кој во лето би можел да дојде во клубот.