Семејството организира нова потрага по Сала: Нема да се откажеме!


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Англиската полиција ја заврши потрагата по исчезнатиот авион во кој беа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејв Иботсон.

Навивачите на Нант и Кардиф се простуваат од Сала, па тешко може да се поверува дека некој преживеал пад на авион во такви тешки временски услови.

Меѓутоа, семејството на Сала не сака да се откаже од потрагата. Тие тргнаа да организираат приватна потрага по Емилијано, која би можела да почне утре.

„Ќе ги зголемиме напорите во потрагата, зашто не сакаме да се откажеме, баш како што ниту Емилијано не би се откажал“, соопшти неговиот пријател Мартин Молтени.

Капитенот на крајбрежната стража Дејвид Баркер соопшти дека шансите да преживеале пад се мали.

„Мојот тим одржа состанок за да се извлече заклучок од акцијата на потрагата и спасувањето која траеше од моментот на исчезнување на авионот“, кажа Баркер.

Роднините се известени за развојот на целата ситуација, па сега се очекува нова потрага по Аргентинецот.