Сензационален трансфер на повидок: Енрике има само една цел, мета е одличниот фудбалер на Баерн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Енрике според тврдењата на италијанскиот „Калчомеркато“ го одреди приоритетот за наредното лето.

Тоа е враќање на Тиаго Алкантара во редовите на Барселона.

Весникот истотака наведува дека клубот ја поддржа идејата на астурискиот стручнак и спремен е да издвои 40 милиони евра за евентуален трансфер.

Да потсетиме, Алкантара во 2005 година стигна на Ноу Камп од младите категории на Фламенго.

За првиот тим на Барса дебитираше во 2009 година, а четири години подоцна на инсистирање на Пеп Гвардиола се пресели во Баварија.

Досега за шампионот на Германија одигра 65 мечеви и постигна седум голови.

Запиша и 17 настапи за сениорската селекција на Фуријата, а сеуште не се запиша во стрелците.