Сензација: Федерер елиминиран од УС Опен од анонимус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Големо изненадување се случи рано утрово на УС Опен. Во осмина финалето на турнирот елиминација претрпи еден од главните фаворити Роџер Федерер кој со 3:1 по сетови (3:6, 7:5, 7:6, 7:6) беше поразен од Џон Милман.

Натпреварот почна добро за Федерер затоа што уште во првиот сервис на својот противник  оствари брејк кој го задржа до  крајот на првиот сет. Но, Австралиецот се врати и во следните три сета остана смирен со што го направи совјот најголем успех во кариерата.

За Милман ова е најголем резултат на некој Гренд Слем турнир. Досега 29 годишниот тенисер три пати играл во третите кола на големите натпреварувања, а сега во четвртфиналето ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ.