Сепак заминува од Лион: Лаказет договори неочекуван трансфер


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Алехандре Лаказет во ова лерто беше една од главните мети на многу европски клубови.

Иако се очекуваше дека овој напаѓач ќе го напушти Лион, на крајот тоа не се случи.

Лаказет најмногу се доведуваше во врска со премин во Арсенал, но се одлучи во последен момент да ја одбие понудата на лондонскиот клуб.

Сепак, француските медиуми пренесуваат дека Лаказет веќе договори трансфер за јануари. Наводно, овој напаѓач својата кариера ќе ја продолжи во Интер, и трансферот е веќе договорен.

Мауро Икарди судејќи според се треба да го напушти Интер, а негова замена ќе биде Лаказет. Интер за францускиот напаѓач ќе плати околу 35 милиони евра.