Сепак не е се во парите за некои фудбалери: Ѕвездата на Реал одби рекордна понуда во Кина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хамес Родригез одби рекорден трансфер во Кина.

Според медиумите, Хебеи Фортуна понуди на Реал Мадрид дури 110 милиони евра за него, а и плата од 600.000 евра неделно.

Сепак, тоа не беше доволно за Хамес да ја прифати понудата.

Хамес не сакаше да ги земе кинеските пари, иако му нудеа скоро 10 пати поголема неделна плата од Реал Мадрид.

Да прифатеше заминувањето во Кина, Џејмс би станал најскап фудбалер на сите времиња, односно би го надминал рекордниот трансфер на Пол Погба.

Овој клуб го води Мануел Пелегрини, но очигледно понудите од Кина за најдобрите играчи не се толку прифатливи.

Хамес одигра 18 натпревари во сите натпреварувања и постигна 4 голови.