Серхио Лул е МВП во Евролигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на Реал Мадрид, Лул беше прогласен за најкорисен играч во Евролигата за оваа сезона.

Одличниот 29-годишен кошаркар игра одлично ни целата сезона. Го водеше Реал до Ф4, каде што беа сопрени од Фенербахче, но тоа не му пречеше за да ја освои оваа награда.

За него ова е прва титула во регуларниот дел во Евролигата, а на тронот го наследи Де Коло од ЦСКА.

Последен играч на Реал кој ја освои оваа награда беше Родригез во 2014-та година.

Лул оваа сезона постигнуваше по 16.4 поени и 6 асистенции по натпревар.