Сејдини е нов претседател на ФФМ


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Како што се најавуваше во претходните денови, единствениот кандидат за изборот на нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамер Сејдини ја доби довербата на денешното собрание во Охрид.

Сејдини ќе остане на претседателското место до 2021 година, а на таа позиција ќе го наследи Илчо Ѓорѓиоски, кој претходно се повлече.

Дури 82 делегати гласаа „ЗА“ Сејдини додека еден од присутните 90 беше воздржан. По прогласувањето на претседател, Сејдини се заблагодари за добиената доверба и вети дека ќе се бори за подобрување на македонскиот фудбал.

„Ве повикувам сите чесно и одговорно да го продолжиме развојот на македонскиот фудбал“, кажа новиот претседател на ФФМ.