Се загрева атмосферата во Мадрид: Солари се откажа од еден од своите фудбалери!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари повеќе нема да смета на услугите на Иско, за кого интерес покажаа Манчестер сити и Челси.

Репрезентативецот на Шпанија не добива шанси кај Солари, а така беше и во финалето на светското клупско првенство против Ал Аин.

Поради тоа Иско е на прагот да замине од Мадрид, но очигледно гласот го крена капитенот Серхио Рамос, кој својот гол го посвети токму на неговиот сонародник.

Дали ова значи нов конфликт меѓу тренерот и фудбалерите останува да видиме наскоро.