Се искомплицира случајот „Димитри Паје“ – Вест Хем одби уште една понуда!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако вчера се појави информација дека ќе потпише за Марсеј, сепак Паје и понатаму нема да замине од Вест Хем.

Сакаше да се врати во Франција, а тоа не му се допадна на Билиќ, а ниту на навивачите кои му го направија животот во пекол.

Билиќ го исфрли од тимот, а не сака да го пушти да замине.

Според медиумите, Вест Хем по трет пат го одби Марсеј, кој очекува до крајот на овој месец да ги убеди управата и членовите на Вест Хем.

Паје има договор со Вест Хем до 2021 година, а оваа сезона одигра 22 натпревари и постигна 3 голови и 8 асистенции.