Се надевам дека останатите тенисери нема да размислуваат како мене


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер им порача на останатите тенисери да не размислуваат како него, кога е во прашање прескокнувањето на одредени турнири.

Според него играчите треба да донесат одлука за прескокнување на некој турнир доколку сметаат така на 25 години, а не на 36 како него.

„“Се надевам дека останатите тенисери нема да размислуваат како мене. Јас тек на 36 години се откажав од некои турнири. Би сакал тоа да го прават на 25 годни. Мојата филозофија е да играм само тогаш кога се чуствувам најспремен. Нема да се пријавувам на турнир за да видам каква ми е формата, туку сакам навивачите да го видат најдобриот Роџер“, порача третиот најдобар тенисер во светот.

Тој исто така го спореди сегашниот тенис со оној пред 20 години, кога ја започна кариерата.

„Играта се повеќе се заснова на физичка спремност. Во минатото се удираше јако, но движењата беа поспори. Се одеше споро, средно, споро, средно, брзо. Сега е средно, брзо, брзо, брзо и затоа не е лесно“.