Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Даниеле Де Роси сеуште не го продолжил договорот со Рома кој му завршува на крајот на оваа сезона.
Преговорите на овој фудбалер и Рома веќе траат некое време, но сеуште нема договор. Медиумите пишуваат дека не е невозможно Де Роси на крајот на сезоната да замине во нов клуб.
Овој искусен 33- годишен фудбалер веќе размислува за завршување на кариерата, па откри дека најголема желба му е во иднина да биде тренер. Де Роси се надева дека ќе освои нешто, затоа што во кариерата со Рома не освои ништо.
„Да се биде тренер е најдобрата работа на светот, а воедно и најтешка. Можам само да ги замислам сопругите на тренерите што поминуваат се, затоа што живеат за фудбалот цел живот. Би било одлично кога би бил тренер на Рома и кога би освоил некој трофеј.“