Се обиделе на секаков начин да го ангажираат, но Конте одбил одлична понуда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Челси, Антонио Конте, бара нова работа, а иако имаше неколку добри понуди, тој реши да ги одбие сите.

Една од понудите беше од Бока јуниорс, откако Гилјермо Бариос Скелото замина од клубот, а Конте решил да ја одбие понудата од Аргентина.

Наводно, Италијанецот сакал да тренира клуб, но само во некоја од петте најсилни лиги и не сакал да замине од Европа.

Карлос Тевез се обидел да го убеди Конте, но ниту тоа не помогнало, па Италијанецот засега останува слободен тренер.