Се огласи Венгер: Лага е се во врска со Милан…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Франсускиот експерт, Арсен Венгер се огласи по гласините за преземањето на кормилото на Милан.

68-годишниот тренер во текот на изминатите месеци се поврзуваше со многубројни екипи. Меѓутоа, се уште Французинот не одлучил каде и што ќе прави, но одлучи да им стави крај на сите шпекулации.

„Ме испраќате секаде откако сум без работа. Не ги слушајте трачевите“, истакна Венгер и продолжи:

„Јас ќе работам од следната година, но искрено не знам каде. Да знам, би ви кажал. Не сакам да лажам, а не можам ниту да ви дадам било каква информација бидејќи навистина ништо не знам“.

Поврзувањата со Милан се лага…

„Единствено што можам да ви кажам е тоа дека лага е дека постои некаков договор со Милан. Да сум потпишал договор, би ви кажал. Моментално сум фокусиран на договорот со BeIN Sports и тоа не е ниту малку лесна работа“, порача Венгер.