Се прости со публиката во Mарибор: Спектакл на збогувањето со Тина Мазе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тина Мазе се прости денес од активно занимавање со скијање.

Таа го стори тоа по веле-слаломската трка пред домашните навивачи во Марибор.

Таа прво сопре на половина патека за да се поздрави со сопругот и тренерот, а подоцна сопре и пред самиот крај и се поздрави со публиката.

Мазе во кариерата победи 26 пати во Светскиот куп, а го има и кристалниот глобус од сезоната 2012/13, како и 4 олимписки медали.

Од тоа, 2 се златни во спуст и велеслалом во Сочи 2014, а потоа 2 сребрени од супервелеслалом и велеслалом во Ванкувер 2010.

Освен тоа, таа има и 4 златни медали од СП, односно пет сребрени медали.

Таа денес се прости во првата трка каде што тргна под реден број 34.