Се разгореа страстите – За малку тепачка во НБА!(ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во натпреварот помеѓу Вашингтон и Бостон за малку не дојде до тепачка.

Страстите во оваа серија се разгореа, а ниту овој натпревар не беше поинаков. На почетокот на вториот период дојде до инцидент, кој за среќа не порасна во општа тепачка.

Кошаркарот на Вашингтон Убре тргна кон Олиник и го турна на подот. Потоа тој со силен блок му врати.

За среќа, со брза реакција на останатите играчи на двата тимови, беше избегнат поголем инцидент.