Се раѓа уште еден „милијардерски тим“, оваа лига ќе биде посилна од Серија А и БЛ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Парите се подготвени, трката ќе биде уште поинтересна, во секој случај нема пред почетокот да се знае кој ќе ја освои титулата.

По ПСЖ и Монако, Франција би можела да добие уште еден одличен тим.

Милијардерот Френк МекКурт е подготвен да потроши многу пари наредното лето.

Да потсетиме, тој го донесе Паје, го врати Евра, но тоа е само почеток.

Се зборува дека ќе го донесе Батшуаи од Челси, но тоа нема да биде единствениот напаѓач.

На мета е еден од следниве тројца, Жиру, Манџукиќ или Џеко. Сопствениците одредија буџет од 40 милиони евра за некој од нив.

Исто така, Кабај би требало да се врати од ПЛ, а го сакаат и Сисоко кој не се прилагоди во Тотенхем.

Со тимот кој го има и огромниот буџет за засилувања, Марсеј би влегол во трка со ПСЖ и Монако, а француската лига би можела да биде поинтересна од Серија А и БЛ каде што шампионот се знае уште пред да почне лигата.