Се спрема нова „војна“ на Манчестер Сити и Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ривалите од Манчестер уште од сега размислуваат за засилување во зимскиот преоден рок, а ако гласините се точни оваа зима  не очекува нова „војна“ помеѓу Сити и Јунајтед.

Имено и двата навивачи се заинтересирани за играчот на Волверхемптон Рубен Невес.

Според шпекулациите на британските медиуми, Сити е сериозно заинтересиран за ангажирање на овој играч веќе во зимскиот преоден рок, меѓутоа понуда до Невес може да пристигне и од Јунајтед кои „загризаа“ за него.

Рубен Невес има 21 година, а во Волверхемптон дојде во летото 2017. година од Порто за околу 18 милиони евра, но јасно е дека неговиот потценијален трансфер во Сити или Јунајтед би чинел многу затоа што тој има договор со Волвс до 2023. година.