Се чекаше предолго, но ова најдобра освета за Фиго: Барса го губи Иниеста, но оди по гневната ѕвезда на Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само што се изгасна огнот кој го распламти разочараниот и навредениот Хамес Родригез, Реал Мадрид се соочува со нов проблем.

Речиси сите водечки спортски медиуми се распишуваа за незадоволството на Иско Алакорн.

Вечниот талент на шпанскиот фудбал, кој многумина го прогласија за нов Андрес Иниеста, наводно не е спремен за нов договор со Реал Мадрид, а кој му истекува во лето 2018 година.

Иско е незадоволен со статусот во екипата на Зидан и бара одредени гаранции, но некои тоа го протолкуваа како ултиматум, а тешко дека ќе ги добие, лесно може на лето да го напушти Сантијаго Бернабе.

Постојат пет причини зошто Иско е незадоволен и размислува за заминување во следното лето.

Условите на Иско за останување.

Пред пред се сака повеќе континуитет во игрите. Запиша 17 настапи од вкупно 26 натпревари колку што Реал одигра во оваа сезона, а од тие 17 во 12 почна како стартер и често не го дочека крајот на натпреварот на теренот.

Иско мисли дека тоа е премалку, посебно со оглед на фактот дека Реал во поголем дел од есенскиот дел од сезоната не беше во цел состав, недостасуваа некои важни играчи како Лука Модриќ, Касемиро и после Герет Бејл, кои беа или сеуште се повредени. Иско логично размислува и се прашува што ќе биде кога сите ќе се вратат во екипата?

 

Иско сака Зидан да му гарантира десетина комплетни натпревари во низа со цел конечно да ја пронајде вистинската форма и да покаже дека може да биде главен организатор на играта на Реал.

Второ негово незадоволство е примарната позиција и обврските во играта.

Смета дека премногу „шета“ по теренот, иако се знае што се неговите најголеми квалитети, а тоа се визија, креација и пас игра, никако мотор и физика.

Иско поради своите лимитирани моторни способности нема способности да игра по крилните позиции, но тој не е ни блиску така физички моќен и пробоен како Бејл или Кристијано Роналдо, а Реал под сите тренери во последните години ја форсира токму таа игра по страните па Иско не се вклопува во концепцијата.

Ни трага од Озил, Игуаин и Ди Марија

Едноставно речено, Иско ја сака улогата на “плејмејкер“ сака повеќе слобода и простор да се разигра себе, но и соиграчите.

Тоа треба да значи дека Зидан треба се  стреми на играта која помалку-повеќе ќе се врти околу Иско, но бидејќи конкуренцијата е голема, прашање е дали е тоа реално? Зидан досега покажа дека Иско не го гледа како круцијален офанзивен играч за врска.

Иско е незадоволен и што чесот отпаѓа од екипата во најважите натпревари. Веројатно многу полесно би ја поднесол помалата минутажа ако игра во најголемите натпревари. Иско очигледно не може повеќе така лесно да се помири со споредна улога, доста му е да биде во сенка на познатото напаѓачко трио, но и некои други играчи, како Модриќ и Тони Крос.

Искуството ни вели дека играчите кои во последните години имале слични проблеми најчесто се одлучуваа за заминување, бидејќи не го добиле тоа шго го барале па среќатаја побарале во други средини.

Месут Озил, Гонзало Игуаин и Анхел Ди Марија се најдобри примери.

Еден од важните причини зошто Иско баш во овој момент ја потенцира приказната за своето заминување и некој начин го условува своето продолжување бидејќи надоаѓа СП.

Иско сака место во првиот состав на шпанската репрезентација, и сака да го дочека СП во топ форма, а тоа може да се случи само ако игра константно.

Барса пробува, но тешко дека ќе успее

Последна причина поради што размислува за заминување е финансискиот аспект од целата приказна. Финансиите можеби не се во прв план, но јасно е дека не се неважни.

На друга дестинација наводно му нудат поголема плата отколку што моментално ја има во Реал, а таму може да го очекува улога на еден од главните протагонисти.

Постои логично прашање: Зошто Иско би останел во Реал за помала плата и уште со статус на вечна замена?

 

Евоцирајќи некои приказни од времето додека Иско сеуште играше во Малата и се фотографираше во дрес на Барселона, некои каталонски медиуми направија шпекулација дека постои можност да премине во редовите на каталонскиот гигант.

Приказната е поврзана со Иниеста кој никако да го продолжи договорот со Барселона и според информациите од каталонските и италијанските медиуми постои можност да го напушти Ноу Камп и да премине во Јувентус, а Иско би му бил идеална замена.

Наводно претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу пробува нешто на тој план, за Каталонците тоа би било слатка одмазда за прочеуното „крадење“ Фиго од страна на Реал, но тешко дека ќе се дочека таков распред на приказната.

Навистина е малку веројатно дека Перез ќе дозволи таков трансфер, бидејќи навивачите на Реал тоа ќе го третираат како „богохулие“.

Меѓутоа, повеќе е реално Реал Иско да го продаде на некој од странските заинтересирани.

Манчестер Сити, Тотенхем и Јувентус наводно стојат во прв ред.