„Се чувствувам како лав!“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ смета дека сеуште може да игра на високо ниво.

Ибра со 2 голови во неделата му донесе победа на Јунајтед во лига купот и по се изгледа дека ова не е негова последна сезона во тимот.

„Престанувам да играм тогаш кога нема да бидам на врвот. Додека можам да носам резултати за тимот и да постигнувам голови, јас ќе играм. Луѓето ме сметаат за поинаков, но јас освоив се каде и да отидам. И знам дека изгледа добро. Се чувствувам свежо и како лав.“

„Луѓето од соблекувалната знаат дека тренирам напорно и секогаш имам своја цел. Умирам на тренинзите за да стгинам до таа цел.“

Ибра на 24 натпревари постигна 15 голови и 4 асистенции во ПЛ додека во Европа на 7 натпревари постигна 5 голови, а во Лига купот 4 голови во 5 натпревари.