Се јави големиот Сер Алекс: Немаше да сум тука, да не беа тие (Видео)


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон преку специјална видео порака се заблагодари на вработените во болницата која се грижеше за него по операцијата поради крвавењето во мозокот.

76 годишниот Фергусон прв пат се огласи откако ја напушти болницата, а тоа го направи преку видео порака на социјалните мрежи. Се уште се чувствува тешкотија во зборувањето на легендарниот Шкотланѓанец, кој преку видео пораката се заблагодари на сите кои му дадоа поддршка во тешките моменти.

„Сакам да се заблагодарам на лекарскиот персонал во болниците Маклсфилд, Салфорд и Аленсандра. Верувајте ми, без тие луѓе кои се грижеа за мене, не би бил овде. Ви благодарам од мене и од моето семејство. Убавите желби секогаш имаат големо влијание врз мене. Ви благодарам на поддршката која ми ја дадовте. Ќе се вратам подоцна оваа сезона, за да го гледам тимот, а во меѓувреме му посакувам се најдобро на Жозе Мурињо и на играчите“ –порача Фергусон во видео пораката.