„Силва е една од причинита поради која дојдов!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Фудбалерите на Сити победија на гостувањето во Сандерленд со 2:1 во рамки на ПЛ.

Посебно е задоволен Гвардиола и тоа поради играта на Силва кој беше асистент на вториот гол за својот тим.

Гвардиола призна дека тој бил всушност една од причините за да дојде во тимот.

„Давид Силва е еден од најдобрите фудбалери кои сум ги тренирал во својот живот и многу сум среќен што е тука со нас. Една од причините поради кои дојдов во Сити е токму тој. Бев тренер на Барселона кога играше за Валенсија. Помислив дека е нешто посебен. Тој е роден победник и има таков менталитет.“

„На денешниот натпревар беше многу добар, но не му го кажав тоа на теренот. Ќе имаме заедничка вечера, ќе го повикам.“

Сити сега има 8 бодови помалку во однос на Челси.