Силна порака за кам бек на голема врата: Пепе, добредојде дома! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер, Пепе одлучи да се врати во клубот во кој стекна име и од кадешто го оствари трансферот во најголемиот светски клуб, Реал Мадрид.

Оваа сезона Пепе го раскина договорот со Бешикташ, а по преговорите одлучи да се врати во Порто.

„Пепе, добредојде дома“, напишаа на официјалниот Твитер профил на Порто.

Тој потпиша договор до 2021. година.

Овој фудбалер во текот на својата кариера го носеше дресот на Маритим, Порто, Реал Мадрид и Бешикташ. За репрезентацијата на Португалија забележа 103 настапи и постигна седум погодоци.