Симеоне ги одбра борците за Торино: Проблемите неизоставен дел… (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако постои момент Италијанците да направат подвиг, тогаш тоа е овој кога Аргентинецот се соочува со големи проблеми.

Утре продолжува натпреварувањето во Лигата на шампионите, а особено ќе биде возбудливо во Торино.

Јувентус ќе го пречека Атлетико, Мадриѓаните имаат два погодоци предност од првиот меч и многу добра прилика да се најдат во четвртфиналето од елитното европско натпреварување.

Меѓутоа, покрај Кристијано Роналдо, Јувентус се надева и на големите проблеми кои ги има Диего Симеоне кој мораше од списокот да ги прецрта Лукас Ернандез и Филипе Луис.

Во последен момент скокна и Диего Годин, па Аргентинецот ќе мора да пронајде начин како да ги неутрализира нападите на италијанскиот шампион.

А тие ќе бидат жестоки од првата минута, нема сомнеж…