Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Летниот преоден рок само што заврши, а веќе почнаа шкекулации околу трансфери во зимскиот период.
Така португалскиот „Рекорд“ тврди дека Атлетико Мадрид е многу заинтересиран за Андре Силва, 20-годишниот напаѓач на Порто.
Тој во Порто дојде на 17 години, а со своите добри играи заслужи и повик во сениорската репрезентација и за Португалија дебитираше пред пет дена во натпреварот против Гибралтар.
Силва ова лето потпиша нов договор кој за Порто го врзува до 2021 година, но постои откупна клаузула од 60 милиони која Атлетико наводно е спремен да ја плати.
Многумина сметаат дека Силва би бил идеална замена за Диего Коста, кој во ова лето требаше да се врати од Челси, но и Фернандо Торес.