Син на легендарниот Веа заминува од ПСЖ и се сели во Шкотска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимоти Веа, син на легендарниот Жорж Веа, замина од ПСЖ, каде што одигра само два натпревари, односно 53 минути и постигна еден гол.

Овој 18-годишен фудбалер дебитираше за ПСЖ, но тренерот Томас Тухел не смета премногу на него, па Веа реши да си ја побара среќата во Селтик.

„Ви благодарам на сите за поддршката. Се заблагодарувам на тие кои ми помогнаа додека бев член на ова семејство. Многу научив претходниве месеци, иако не играв премногу“, напиша Веа.

Младиот фудбалер не напиша каде ќе ја продолжи кариерата, но според информациите од Франција негов нов тим ќе биде Селтик.