Сите голови не се залудни – Белоти прави трансфер на кариерата!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Моментално, Белоти покрај Џеко и Игуаин е најдобар во Серија А.

Овој одличен играч против Фиорентина постигна 2 голови за Торино, па им донесе нов бод на својот тим.

Белоти игра одлично оваа сезона и тој се наоѓа на мета на многу гиганти.

Медиумите пренесуваат дека скаут на Челси е во Фиренца и го следел Белоти.

Белоти ја потврди класата, а скаутот на Челси сигурно ќе му го препорача на Конте, кој во лето ќе бара уште еден напаѓач.

Да потсетиме, Торино претходно одлучи да вгради клаузула во договорот на Белоти, па тој сега вреди 100 милиони евра и само по таа цена може да замине додека има договор со тимот од Торино.