„Сите играчи сакаат Венгер да остане“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру се надева дека Венгер ќе остане во тимот и по оваа сезона.

Договорот на Венгер му завршува на крајот на сезоната и сеуште не знае дали ќе го продолжи.

„Сакаме Арсен да потпише нов договор и заеднички да го продолжиме патувањето, сите го поддржуваме. Се надеваме дека ќе го освоиме ФА купот оваа сезона и дека ќе се пласираме во ЛШ.“

Мислењето на играчите не го делат и навивачите, кои во претходните месеци неколку пати инсистираа Венгер да замине.

Арсенал во моментов е на 6-то место со 52 бодови, 4 помалку од 4-то пласираниот Ливерпул.