Сите се прашуваат како може тој да биде најбаран стопер во ПЛ?


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Се поголема е битката за фудбалерот од Северна Ирска.

Приказната од летото е обновена, сите бараат стопер, а ретко кој знае поради што тој е најбаран стопер во ПЛ.

Станува збор за стоперот на ВБА, Џони Еванс кој е мета на Сити и Јунајтед, а во трка е и Арсенал. Тој никогаш не доби вистинска шанса во Манчестер Јунајтед, но неговото искуство и начин на игра, ги привлекува големите клубови.

Капитенот на Северна Ирска остана летово во ВБА, а тие бараа 35 милиони евра за негов трансфер.

Арсенал и Сити се најсериозни за овој трансфер. Гвардиола и понатаму не му верува на Мангала и би сакал Еванс да му помогне на тимот.

Ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата до крајот на преодниот рок и дали ќе се случи трансфер на овој фудбалер.