Сите тргнаа со остри критки, но само Монтела остана џентлмен до крај со својата изјава!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Голема прашина се крена за пеналот кој на Јувентус му донесе победа и три бодови против Милан.

По натпреварот даде изјава Монтела кој џентлменски одговори за разлика од другите.

„Се извинувам за последната гужва, но имаше голема нервоза помеѓу играчите. Сите си имаат своја приказна за пеналот на Јувентус, како и самиот јас, но за тоа не би зборувал. Треба да ги оставиме судиите да решаваат на мир.“

„Знам дека ми рекоа дека одлуката за пеналот е само на главниот судија додека 5-от судија не кажа ништо. Ми е жал поради поразот затоа што знам дека имавме шанса дури и за победа.“

Со овој пораз, Милан има се помали шанси да се пласира на место кое води во некој од европските купови наредната сезона.