Сити би направил голема грешка кога би го пуштил – Гвардилола има план за Серхио Агуеро!


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Тренерот на сити, Гвардиола тврди дека Агуеро ќе остане во тимот.

Откако го изгуби местото во првиот тим, Агуеро наводно барал да замине од тимот, но тогаш се случи повредата на Жесус, па Агуеро беше вратен во првите 11.

Постигна 5 голови во последните 3 натпревари за Сити и Гвардиола сфати дека Агуеро е вистинскиот напаѓач за тимот.

„Среќен сум и многу задоволен од играта на Агуеро. Кога ќе ги оставите надвор од тимот големите играчи, сите ве прашуваат зошто сте го направиле тоа. Во иднина сакам да ги вклучам и Жесус и Агуеро. Серхио многу ни помогна, тој е одличен.“

Агуеро оваа сезона во сите натпреварувања постигна 23 голови и тешко дека Сити ќе се откаже од него на крајот на сезоната.